Pongamia pinnata

фото

Pongamia pinnata

Pongamia pinnata (Indian Beech Tree, Honge Tree, Pongam Tree, Panigrahi) е листопадно дрво од фамилијата на гравови (Fabaceae), со потекло од Индија кое масовно се одгледува во југоисточна Азија.

Во висина расте 15–25 метри и формира голема крошна. Цвета во ситни цветови мирисливи, бели, розеви или пурпурни.

Видот е отпорен на високи температури и јако сончево зрачење и благодарение на богатиот коренски систем отпорна е и на суша. Во природата расте на песочни и карпести земјишта но може да се одгледува и на повеќе типови на земја, меѓу другото и на засолени земјишта. Често се сади во суви области и служи како ветробран или се сади на најразлични места поради добивање на сенка. Кората се користи за добивање на коноп или призводство на црна гума која што се употребува за лечење на повреди предизвикани од гризење од отровни риби. Благодарение на способноста за фиксација на воздушниот азот, растението поради збогатување на земјишето, се засадува, на места кои се сиромашни со хранливи материи. Иако е отровно растение сепак се користи во медицината. Сокот и маслото од растението имаа антисептичко дејство. Маслото од семето, традиционално се користи како масло за ламби, за производство на сапун и лубриканти додека денес расте неговата значајнсот како додаток на биобензинот.

Printed from http://www.botanix.kpr.eu/mk/print.php?t=18