Ботаникс - весник за растенија и градинарство

македонско издание

Палма Parajubaea torallyi

Parajubaea torallyi е една од најубавите палми во Јужна Америка. Сигурно името ништо не ви значи. Не е ни чудо. Во Европа поради големите семиња (и со тоа големи трошоци за превоз) ретко се увезува. Затоа со овој атрактивен вид на палма надвор од Боливија ретко може да се сретнете.

Во природа расте во сите долини на боливиските Анди на надморкса висина 2700–3400 м н. в. поради што е сметана за највисоко растечката палма на светот. Во овие предели температурата ретко достигнува 20 °C, додека ноќните мразеви не се реткост. Во зимските месеци (јули, август) температурата често се спушта на –7 °C. Годишните врнежи дотигнуваат одвај 550 м м, што е помалку од најсувите области на јужна Моравија. Благодарение на високата положба на природните места Parajubaea torallyi е суптропски вид на палма која е отпорна на ладно, така да под поволни услови на Медитеранот може да се одгледува во текот на целата година надвор, „под ведро небо“. Во наши услови во текот на зимските месеци ќе морате да ја пренесете во просторија во која може да се појават мразови, и тука без проблем може да преживи на температура од околу 0 °C. Отпорноста од смрзнување во Европа е ограничена до –3 °C. Најниската температура која оваа култивирана палма ја преживеала изнесувала –8 °C. На растението, до душа, му отпаднале сите листови, но сепак преживеало и пролетта му нараснале нови листови.

Во Боливија може да израсне до висина од 14 м, а пречникот на стеблото 25–35 см. Стогодишните примероци растат до висина од 30м, а пречникот на стеблото до 50см. Има привлечна крошна со околу 20 листови кои може да израстат и до 5м. Во култури надвор од земјата на потекло палмата може да достигне доста помали димензии.

Во природата расте во 2 одделени популации кои најочигледно се разликуваат по големината на семето. Parajubaea torallyi вариетот torallyi има семе кое достигнува должина дури и до 7см, додека ситносемени се вариететот Parajubaea и вариететот microcarpa, околу три пати помали, иако на изглед се многу слични. Во природа не достигнува димензии на своите сродници со големи семиња.

Во Боливија Parajubaea torallyi е омилено растение и може да го сретнете во градските паркови и во уличните алеи. Во градот Еквадор и јужна Колумбија Parajubaea cocoides се одгледува на надморска висина од 2500 – 3000 м, која што е помалку отпорна на ладно и поспоро расте. Со оглед на големата сличност со Parajubaea torallyi и од причина што не е позната во природата се претпоставува дека е во прашање култивирана форма на Parajubaea torallyi.

1996 година била опишана Parajubaea sunkha која е најмалиот застапник на овој род. Може да израсне до висина од 8м, расти во неколку долини во внатрешноста на Андите во областа Валегранд (Vallegrande), во покраината Санта Круз (Santa Cruz) во Боливија на висина од 1700 – 2200 м.н.в. Се до деталната таксономска ревизија била заменувана со Parajubaea torallyi.

Одлгедувањето на палмите од родот на Parajubaea од семе не е тешко но побарува многу трпение. Семето во природа изртува неправилно што обично трае 1,5 години. Некое семе во култивација изртува за месец дена додека на друго му е потребно половина година а на некои дури и до 2 години. Поради тоа што е во прашање суптропски вид на палма, високите температури не помагаат за забрзување на трењето дури може да го успорат.

Семето пред садење потребно е да се потопи во млака вода на 5–7 дена, семето на вариететот со големо семе и до 2 недели. Водата менувајте ја секојдневно за семето да не изгние. Семето (посебно кај крупните форми) може малце да го избрусите. Водата полесно ќе продре во семето и фазата дорманција (фаза на одмарање која го штити семето од 'ртење во сушни периоди, кои во Боливија се за време на зимските месеци т.е. од јуни до октомври), па семето ќе почне да 'рти. Со тоа се завршува влажната фаза. Имајте во предвид дека е во прашање суптропски вид кој расте во суви области и затоа на него преголемата влага делува негативно. После потопувањето на семето засадете го во саксија или во пластична кеса така да половината е над земја и сместете го на место каде што температурата се движи од 10°C до 20°C (идеално е ако постои разлика помеѓу поголемата дневна и ниската ноќна температура). Главна разлика помеѓу одгледувањетона овој вид и одгледувањето на повеќето други видови палми се забелжува пред се во ниската температура и релативно сувиот супстрат.

Засаденото семе контролирајте го еднаш на 3–4 недели, а кога ке почне да 'рти пресадете го во самостојна саксија. Искуствата на некои одгледувачи зборуваат за тоа да кај семето кое што нема да изрти до година дена потребно е да се престане со наводнување на супстратот и да се остави неколку месеци потполно да се изуши. Потоа семето се вади, недела дена се натопува во вода и повторно се засадува. За половина година изртило сето семе кое било третирано на овој начин. Семето кое нема да изрти ни во текот на следната година повторнооставето го на неколку месеци да се изуши (симулација на боливискиот период на суша). После уште едно потопување во вода целото семе изртува.

'Ртењето на семето на оваа палма е скоро 100%, само морате да ја знаете постапката. На најспорото семе потребно е да му обезбедите 1–2 повеќемесечен раздел на суша.

Кога ќе ги одгледувате младите растенија е доста поедноставно, само бидете умерени при заливањето. Младите палми повеќе сакаат полутемница (младите во природа растат во сенка на постарите примероци), додека постарите растенија барааат повеќе светло.

Родот Parajubaea спаѓа во најзагрозените јужноамерикански палми. Главната причина за нивната загрозеност е уништувањето на биотопот, ширењето на земјоделските земјишта и прекумерното сечење на шумите. Палмите растат на многу мало подрачје што уште повеќе ја зголемува нивната загрозеност и веројатност за изумирање. Поради нејзиното големо семе можността за ширење на палмата на нови локации е ограничена а нивниот најголем пренесувач на поголеми растојанија – андската мечка (Tremarctos ornatus) поради човечкиот фактор исто така е загрозен.

««« Претходен текст: Тутун Nicotiana glauca - перспективно балконско растение Следен текст: Подигнување на нов тревник »»»

четврток 9.7.2009 08:25 | испечати | Палми

КПР претставува

КПР - Клуб на одгледувачи на растенија Словачка
Клуб на одгледувачи на растенија кој е доброволно здружување на градинари од целиот свет. Читај повеќе...
Поделете ги своите искуства кои ги имате со одгледување растенија. Напишете текст на овој веб.