Ботаникс - весник за растенија и градинарство

македонско издание

Одгледуваме буковка (Pleurotus ostreatus)

Буковка (Pleurotus ostreatus) во последно време е попопуларна дури и од шампињонот. Нешто повеќе, во однос на шампињонот буковката има и една голема предност – не може да ја помешате со отровната зелена пупавка.

Буковката е богата со витамини, аминокиселини и минерални материи кои го штитат човечкиот организам од дејства на токсични материи. Исто така помага и кај намалувањето на холестеролот во крвтта а како нискоенергетска храна е погодна и за редукциски диети. Се претпоставува дека содржи и материи кои имаат антиканцерогено дејство.

Упатство за одгледување буковка (Pleurotus ostreatus)

Одгледувањето на буковка се врши на два начина – може да се одгледува на слама во најлонски вреќи или на дрвени облици (сечени дрва).

Одгледување на слама во најлонски вреќи

Прво припремете ја сламата. Пред засадувањето неопходно е да се изврши стерилизација на сламата, така да се уништат бактериите, мовта и останатите габи. Стерилизацијата може да ја извршите на два начини:

  1. Сламата ставете ја во голем сад (котел, стар лонец), залејте ја со вода и на температура од околу 100°C кувајте ја 1 час. Сламата оставете ја да се олади на 20–25°C.
  2. Вториот и многу поедноставен начин е следниот: Сламата ставете ја во голем сад па залејте ја со превриена жешка вода. Сламата ке биде подготвена за засадување кога ке се олади на 20–25°C.

Самото засадување на супстратот (сламата) го вршиме на тој начин што во голема најлонска вреќа наизменично редиме слама и издробен мицелиум. Едно пакување мицелиум е доволно за засадување на 15–20 Кг влажна слама, што одговара на најлоска вреќа со големина од околу 50 х 100 см. Кога ке ја наполните вреќата затворете ја (заврзете ја). Со помош на жилет или нож на вреќата направете 3–5 см големи резови, околу 10 резови на секоја вреќа. Доколку одгледувате буковка во средина со ниска воздушна влага направете помалку резови (покасно во случај на потреба направете повеке резови). После засадувањето на вреќите сместете ги на полусенка (така да на нив дирекно да не зрачи сончева светлина). Идеална температура за одгледување на буковка е 15–25°C. Колку температурата е повисока буковката расте побрзо (на висока температура побрзо ке се исцрпат и хранливите материи од сламата). Затоа добро е температурата да се прилагоди на тоа колку буковка моментално сакате. Доколку буковката се роди во поголема количина од таа која ви е потреба или сте во состојба да ја употребите – ставете ја на ладно место. Ако ви е потреба поголема количина буковка – ставете ја на потопло место. Буковката раѓа 3–4 месеци и после тоа хранливите материи се исцрпени од сламата и потребно е да се припреми нова култура (што може да се постигне и со засадување на стара слама). Од едно пакување може да добиеме 2–4 кг буковка.

Одгледување на дрво

Во природата буковката расте на дрво на листовити дрва. Затоа можете да ја одгледувате на дрвени облици со должина од 30–80 см. Можете да употребите облици од сите видови на листовидни дрва (не иглолисни!). Дрвото не би требало да биде постаро од половина година од отсекувањето. Постојат повеке можности за засадување на буковката на дрво. Важно е буковката да дојде во директен контакт со дрвото така да хифите на буковката да можат да прораснат во дрвото. Обраснатите со мицелиум дрва забодете ги 1/3 во земја во градината на место кое е полусенка. Во случај на суша попрскај те ги со вода. Облиците раѓаат 2–5 години (во зависност од хранливостта на дрвото).

Продажба на расади за буковка



««« Претходен текст: Одгледуваме авокадо Следен текст: Индијски лотос (Nelumbo nucifera) »»»

четврток 2.7.2009 06:52 | испечати | Печурки

КПР претставува

КПР - Клуб на одгледувачи на растенија Словачка
Клуб на одгледувачи на растенија кој е доброволно здружување на градинари од целиот свет. Читај повеќе...
Поделете ги своите искуства кои ги имате со одгледување растенија. Напишете текст на овој веб.