Ботаникс - весник за растенија и градинарство

македонско издание

Упатство за садење семе од месојадни растенија

фото

Pinguicula balcanica

Семињата на месојадните растенија својата способност за 'ртење ја задржуваат многу кратко. 'Ртливостта кај многу видови веќе после година дена е лоша. Затоа е потребно семето да се сади додека е свежо, веднаш по набавката.

За садење припремете 2 садови. Една со гоелмина 10х15х10см (должина х ширина х висина), а другата на секоја страна поголема барем за 10см. Поголемиот сад не смее да има дупки за истечување на водата и би требало да може да се покрие со табла стакло или провиден пластичен капак. Помалиот сад на дното мора да има барем 3–5 дупки со пречник од 1 см за истечување односно примање на вода. Поголемиот сад наполнете го со вода до половината – со суштина ќе добиете мал аквариум. Во помалиот сад ставете тресет – супстрат но може да употребите и чист песок. На површината на претходно наводнетиот супстрат рамномерно поставете го семето. На крајот помалиот сад ставете го во поголемиот сад така да водата да достигнува барем до половината на помалиот сад. После тоа не ви останува ништо друго освен да чекате – за време од еден месец на површината на супстратот ќе се појават мали растенија кои покасно за 3–6 месеци во зависност од големината, секоја посебно ќе ја пресадите во самостојна саксија.

Припремање на супстратот пред самото засадување

Пред засадувањето неопходно е да се изврши стерилизација на засадувачкиот супстрат. Доколку употребите песок може едноставно да го варите околу 10мин во зовриена вода, доколку употребите тресет залејте го со превриена вода и оставете го да се олади. На овој начин ќе добиете стерилен супстрат без плевел и габички кои би можеле да го уништат вашиот насад и без семиња на плевел кои исто така може да го уништат вашиот насад.

««« Претходен текст: Како правилно да го косиме тревникот? Следен текст: Какво да се направи со покосената трева? »»»

среда 15.7.2009 10:10 | испечати | Инстрикции за одгледување

КПР претставува

КПР - Клуб на одгледувачи на растенија Словачка
Клуб на одгледувачи на растенија кој е доброволно здружување на градинари од целиот свет. Читај повеќе...
Поделете ги своите искуства кои ги имате со одгледување растенија. Напишете текст на овој веб.