Ботаникс - весник за растенија и градинарство

македонско издание

Одгледувајте четирилитен воден папрат за среќа - читирилистна разноротка (Marsilea quadrifolia)

фото Четирилетната разноротка (Marsilea quadrifolia) е воден папрат со листови кои изгледаат како (детелина)чети

Разноротката има долг ризом кој што потсетува на врвка. Од стеблото израстуваат листови кои пливаат на површината на водата и кои се разделени на 4 правилни листови и на прв поглед потсетуваат на четирилистна детелина. На есен, при вадањето на ризомите од водата можете да ги видите малите „привезоци“ со големина на зрно грав во кои се скриени спори – точно според тоа заклучуваме дека е во прашање папрат. Расте во природни и вештачки стоечки води кои се богати со хранливи материи и тоа на сите континенти со исклучок на Јужна Америка. Била донесена во Северна Америка каде што се смета за инвазивен вид. Во Полска во природните места каде што растела е изумрена. Се вршат обиди за реинтропродукција на, пример, кај Гочауковото езеро. Во Словенија расте на 7 локалитети по поречието на реката Латорица. Порано се појавувала и во околината на реката Бодрог, Лаборец и Ух. Во Чешка не расте.

Во тропите растат и неколку други сродни видови, меѓутоа тие се термофилни и затоа не се погодни за одгледување во наши услови. Некои од нив се одгледуваат во аквариуми.

Четирилистната разноротка (Marsilea quadrifolia) како култивиран вид не е многу пребирлива (во слисла на услови) таа ќе биде задоволна во било каков сад наполнет со вода и со малце земја на дното. Без проблем може да ја одгледувате во сад со димензии 20х20х10 см. Во текот на цела година може да ја чувате надвор (не замрзнува). Благодарение на својата непобарувачка и лесниот начин на одгледување може да ја одгледува било кој и било каде (да речеме во мала зазна или саксија без дупка на дното, на пример на надворешниот дел од прозорот).

фото За одгледувачите со ограничени просторни можности идеално решение за одгледување е во валови за мешање малтер, во главно се продаваат со големина од 60, 80 л и чинат околу 10€). На дното ставете лопата земја (доволно е околу 5см земја на дното). Ако садот го наполните до врвот со вода, на својата разноротка ќе и обезбедите идеални услови за живот.

Ваков валов можете да го компонирате како во зимската градина така и во домот веднаш до прозорот (идеално е до балконот), така да растението биде до најсончевото и најтоплото место во домот или градината.

Разноротката добро ќе дојде до израз во езерото во градината, каде што е доволно да ставите малце иловач од градината и на дното во неа да зацрврстите мал дел од ризомите на разноротката. За растението повеќе нема да мора да се грижите – сама ќе се снајде. Разноротката исто така сама ќе се прилагоди на нивото на водената површина, што се однесува на квалитетот на водата – не е избирлива. Можете да ја одгледувате во вода на ралични длабочини така да листовите и пливаат на површина.

Најдобро се размножува со делење на ризоми. Доволен е многу мал ризом (10см) и во текот на летото на површината на водата ќе ви се формира „тревник“ од четирилистен папрат.

««« Претходен текст: Одгледуваме пепино Следен текст: Кивано - Cucumis metuliferus »»»

понеделник 13.7.2009 07:36 | испечати | Водни и мочуришни растенија

КПР претставува

КПР - Клуб на одгледувачи на растенија Словачка
Клуб на одгледувачи на растенија кој е доброволно здружување на градинари од целиот свет. Читај повеќе...
Поделете ги своите искуства кои ги имате со одгледување растенија. Напишете текст на овој веб.