Ботаникс - весник за растенија и градинарство

македонско издание

NOVODOF FC против кромпировата златица

Компировата златица (Leptinotarsa decemlineata) веројатно не треба на никој да му се претставува посебно. Сите ја знаат како штетник кој го напаѓа компирот и која што без употреба на „хемија“ практично е неуништлива.

Меѓутоа, ретко кој знае дека денес постојат и биолошки препарати благодрение на кои веќе не мора да се плашиме толку од компировата златица.

Од каде потекнува?

Компировата златица во Европа е донесена од Северна Америка. Таму првобитно живеела на мал простор во областа Кордиљера, када што се хранела лошо од диво растечки растенија – помошници. Кога компирите од семејството помошници (ботанички Solanum tuberosum) почнале масовно да се одгледуваат по целата Америка, компировата златица преминала со дивите помошници на компирот. Благодарение на компирот денес е проширена речиси во целиот свет.

Novodor FC – тројанскиот коњ на третиот милениум?

Novodor FC содржи 2% протеини на бактеријата Bacillus thuringiensis ssp. tenebroinis. Овој род на бактерии уништува исклучиво ларви на бубачки од фамилијата златица (Chrysomelidae). Во градинарска смисла во прашање се во главно бубачки од фамилијата Galerucinae (уништуваат украсни дрва – јасен, јов, врба) и компировата златица.

Препаратот предизвикува заболувања кај ларвите на споменатите видови. После конзумација на попрсканите листови ларвите престануваат да јадат и после 2–5 денови изгинуваат. За ларвите на другите видови препаратот е безопасен, не остава штетни остатоци во растенијата ни во земјата. Го уништува само ларвите додека за возрасните инсекти е безопасен и затоа се користи само против најмладите ларви.

За да делува добро препаратот ларвите мора интензивно да јадат додка листовите мора да бидат совршено попрскани со препаратот и од горната и од долната страна. Затоа се прска во време кога нема ветар и кога температурата се движи над 15 °C. Ако до 12 часа од прскањето падне дожд потребно е да се повтори прскањето.

Препаратото се продава во малопродажно пакување во ПЕ шишиња полни со 100 мл и чини околу 3 €.

Други род на оваа бактерија ги уништува ларвите на пеперутката, купусарот и смотавицата (препаратот Biobit FC) и комерецот (кај нас не се продава).

И најдобрата информација за крај: плодот после прскање може одма да се конзумира.

««« Претходен текст: Подигнување на нов тревник Следен текст: Одгледуваме пепино »»»

сабота 11.7.2009 08:30 | испечати | Штетници

КПР претставува

КПР - Клуб на одгледувачи на растенија Словачка
Клуб на одгледувачи на растенија кој е доброволно здружување на градинари од целиот свет. Читај повеќе...
Поделете ги своите искуства кои ги имате со одгледување растенија. Напишете текст на овој веб.