Ботаникс - весник за растенија и градинарство

македонско издание

Подигнување на нов тревник

Најдобар период за подигнување на нов или досадување на стариот тревник е од мај до јуни но со оглед на тоа ако годината е слаба што се однесува на дождовите погодно време за сеење ќе биде дури во јули.

1. подигање на нов тревник Местото на кое што сакате да го подигнете новиот тревник прекопајте го до длабочина 10–15см. Површината на земјата срамнете ја и изваљајте ја со ваљак.

Понатаму имате две можности:

а) засадете го тревникот Прво измерете ја површината на која што сакате да го засадите новиот тревник. Пресметајте колку семе од трева ви е потребно, сметајте дека на 1 m2 ви е потребно 25 г семенски материјал + додадете на секои 10m2 25 г семе за евентуално досадување. При купувањето пазете семето да биде свежо затоа што семето на тревата брзо ја губи својата способност за ‚ртење (‘ртливоста на двегодишното семе е пониска од 50%). При купување посветете внимание и за тоа дали семето било добро складирано во продавницата (доколку семето е влажно или доколку некои семиња веќе 'ртат не го купувајте. Така ќе избегнете непотребно разочарување). Цената на семето во продавниците се движи околу 3 €/кг (во зависност од видот). При купување на семето изберете вид во зависност од тоа како ќе го користите тревникот (размислете дали ќе се оди по него, дали ќе го користите за активна спортска активност или не планирате да одите по треникот или ќе го користите исклучиво за исхрана на животни). Никогаш не купувајте неозначено семе! Сериозните фирми имаат информациони флаери кои ќе ви помогнат при изборот на семе помеѓу огромните количини смешиод тревно семе. Во секоја добра продавница ваквите флаери би требало да ви ги дадат по ваше барање. Купеното семе складирајте го на суво, ладно и темно место. Не ви препорачуваме да го одложуате семето за следната година затоа што брзо ја губи својата 'ртливост. Садете го семето „широко“, во мај (во сушна година дури во јули). Пред садењето со помош на гребло направете браздички во земјата со длабочина од 1см.. После садањето површианта изваљајте ја (со ваљак) и добро навадете ја. Семето никнува за околу 14 дена. Кога тревникот ќе достигне висина од 10 см, покосете го за прв пат. Доколку после косењето наидете на голи места можете да ги досеете. Ако сакате да добиете густ изглед, косете го тревникот до половината на септември во интервалиод 1–2 недели. Покосената трева никогаш не ја фрлајте! Прочитајте го внимателно тексот на последната страна на овој број.

б) за подигнување на тревник употребете претходно одгледани теписи Ова е побрз но и нешто поскап начин. Во секој случај е по поволен затоа што кај повеќето фирми кај кои што може да купите ваков тревен тепих цената го вклучува и нивното поставување. Значи доколку се решите за овој начин за подигање на нов тревник за подигнување на тревникот користете готови, однапред одгледани тревни теписи. Нивната цена заедно со поставување се движи околу 3–4 €/м2 ( во зависност од видот).

2, негување на стариот тревник Секоја пролет (во зависност од времето во текот на март – мај) тревникот со гребло треба да се очисти од лушпите и сувата трева а доколку е потребо и да се досее. Мразот преку зиамта ќе го „извлече“ тревникот" па затоа е добро напролет да го изваљате. На опоравениот тревник добро делува и аерцијата на земјиштето. За аерција може да направите едноставен алат. Припремете 2–3 см дебела даска со димензии од 30 х 30см. Во неа закачете 10см долги шајки така да излегуваат на другата страна. Оддалеченоста помеѓу шејките би требало да биде 2–3см. Даската со шајки прицврстете ја на дрвена рачка (најзината должина зависи од вашата висина, би требало да биде толку висока така да работите пријатно со алатот). После косењето забодувајте ги шајките во земја така што ќе стоите на даската. Извлечете ги од земја и потапката повторувајте ја по целиот тревник. Евентуално може да употребите и вила. Доколку сакате да го навадите тревникот, навадете го по аерацијата. Водата ќе достигне до таму каде што е потребна – до коренот.

««« Претходен текст: Палма Parajubaea torallyi Следен текст: NOVODOF FC против кромпировата златица »»»

петок 10.7.2009 08:29 | испечати | Тревник

КПР претставува

КПР - Клуб на одгледувачи на растенија Словачка
Клуб на одгледувачи на растенија кој е доброволно здружување на градинари од целиот свет. Читај повеќе...
Поделете ги своите искуства кои ги имате со одгледување растенија. Напишете текст на овој веб.