Ботаникс - весник за растенија и градинарство

македонско издание

Лебно дрво Artocarpus odoratissimus

Во родот лебно дрво (Artocarpus) вбројуваме околу 60 видови на зелени тропски дрва од семејството дудови (Moraceae), кои потекнуваат од југоисточна Азија и од острови на Тихиот океан. Лебното дрво е сродно на фикусите (Ficus). Најпознато и најчесто одгледувано дрво е обичното лебно дрво (Artocarpus altilis). Во овој род спаѓаат и неколку други видови на перспективни овошни дрва, на пример, како што се Artocarpus communis, Artocarpus integer, Artocarpus heterophyllus и Artocarpus odoratissimus.

сабота 18.7.2009 21:26 | испечати | Егзотични растенија

Кинески чаеви - одгледајте сопствен чај

фото Веке пред крајот на зимата секој прав градинар почнува да планира што ке одгледува во следната сезона за одгледување. Веќе не ве привлекува секоја година да одгледувате домати, пиперка и краставица? Размислувате за промена? За нешто егзотично? Што ќе кажете на идеата оваа година да одгледате сопствен чај?!

сабота 18.7.2009 18:24 | испечати | Егзотични растенија

Бор Pinus kesiya

Борот Pinus kesiya е брзорастечки вид на азискиот бор кој што надвор од земјата на потекло се одгледува многу ретко. Рате до висина од 30–35 м додека пречникот на стеблото може да достигне дури и 1м. Во прашање е трииглен бор (од едно место израстуваат три иглички со должина од 15–25 см.). Шишарките се со големина од 5–9 см а семето е 1,5–2,5см долго.

сабота 18.7.2009 12:22 | испечати | Егзотични растенија

Садење на луковици од растенија и расади

Купените растенија (расади) кои сте ги добиле по пошта извадете ги од пакетот и ставете ги на 2–3 дена под сенка. Друга можност е одма да ги засадите и на неколку дена да им направите сенка ( на пример со помош на канцелариска хартија, даска), така да не бидат изложени дирекно на сонце. Во кој случај би постоела можнст јакото сонце да ги оштети.

сабота 18.7.2009 11:31 | испечати | Инстрикции за одгледување

Бодликава палма Rhapidophyllum hystrix

Rhapidophyllum hystrix е вид на палма која што од сите видови на палми е најотпорна на мраз додека истовремено е единствен вид на монотипниот род Rhapidophyllum. Во природата расте на мочуришни места на југосточниот дел од САД. Благодарение на отпорноста на ладно и мраз до –20 °C може да се одгледува надвор и во наши услови. Во нејзините добри карактеристики го вбројуваме и нискиот, густ раст (максимално 1–3 м.) и атрактивното бодликаво стебло.

сабота 18.7.2009 09:19 | испечати | Палми, Инстрикции за одгледување

Continue: 1-5 6-10 11-15 16-20 21-24

КПР претставува

КПР - Клуб на одгледувачи на растенија Словачка
Клуб на одгледувачи на растенија кој е доброволно здружување на градинари од целиот свет. Читај повеќе...
Поделете ги своите искуства кои ги имате со одгледување растенија. Напишете текст на овој веб.